• Пакетчиња за дечињата од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

    Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот Филип Темелковски ги посети учениците од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

  • Конституиран новиот совет на Општина Кисела Вода

    Советот на општина Кисела Вода ја одржа првата конститутивна седница и на истата беа верификувани мандатите на 23 - те нови советници на општината.

  • Започнаа приемните денови кај Градоначалникот Темелковски

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денес започна со средби со граѓани, невладини организации и граѓански здруженија во својот кабинет.

  • Финализираше целосната реконструкција на Паркот Шопен

    Општина Кисела Вода изгради две нови детски игралишта во Паркот Шопен.

 

 

Насловна

Општина Кисела Вода, расадник на спортски таленти

Општина Кисела Вода продолжува со поддршката на спортските клубови кои се активни на нејзината територија.

За таа цел, Општина Кисела Вода на неколку спортски клубови им отстапи термини во двете спортски сали, „Независна Македонија“ и „Архиепископ Доситеј“ во кои тие редовно ги одржуваат своите тренинзи, а покрај ова во нив ги играат и своите натпревари во првенствата. Спортската сала „Независна Македонија“ ја користат спортските клубови: Одбојкарскиот клуб „Јанта Волеј“, како и кошаркарските клубови ЖКК „Бадел 1862“, КК „Ангели“, додека пак салата „Архиепископ Доситеј“ ја користат РК „Вардар“, РК “Спартак“ и РК „Металург јуниор“.

Воедно, во моментов, РК „Спартак“ од Кисела Вода во својот состав го има и еден од најталентираните млади ракометари, Бојан Манев кој оваа полусезона е втор стрелец во првата машка лига со 116 постигнати гола.

- Благодарен сум на општината која што во контиунитет го помага мојот клуб на тој начин помагајќи ни и нам, на спортистите. Се надевам дека мојата игра ќе биде забележана од некој од пореномираните македонски ракометни клубови и дека ќе имам можност да заиграм во нив, а подоцна и надвор од земјава. Сеуште сум млад, имам само 19 години и мислам дека во екипата на „Спартак“ имам можност сеуште да учам и стекнувам искуство кое е неопходно за предизвиците кои ги очекувам во иднина, изјави младиот ракометен талент Бојан Манев.

Имено, Општина Кисела Вода од секогаш била расадник на спортски таленти, како што се познатиот фудбалски, Дарко Панчев и кошаркарскиот, Петар Наумовски.  

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Целосна реконструкција на тоалетите во објектот "Сончоглед" при ЈДГ „Весели Цветови“ https://t.co/fiuJXesfmJ
16hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Дел од населба Драчево без вода https://t.co/IFMxedZnAE
O_KiselaVoda "Соседска патрола" низ Oпштина Кисела Вода за поголема безбедност на граѓаните https://t.co/rXhNry8jkm