Насловна
Општина Кисела Вода распиша јавен оглас за доделување на матерјална поддршка на спортски здруженија, спортски институции, спортски манифестации и спортски клубови кои егзистираат на нејзината територија.
Се повикуваат сите заинтересирани за оваа матерјална поддршка кои со своите програми и активности придонесуваат за развојот на спортот и физичката култура кај децата и младите на територијата на Општина Кисела Вода да аплицираат во предвидениот рок, како би можеле оваа година да го подобрат своето работење. Исто така спортските субјекти кои планираат организација на спортски манифестации на територијата на локалната самоуправа можат да аплицираат.
Имено, рокот за пријавување започна на 31 јануари и трае 5 работни дена, односно заклучно до 06 февруари до 16.30 часот. Пријавите со целокупната документација се доставуваат лично или по пошта на адреса: Општина Кисела Вода, ул. „Петар Делјан“ бр. 17 или во архивата на општината со назнака: Пријава за јавен оглас за материјална поддршка на спортски субјекти и манифестации - Комисија).
Сите заинтересирани за овој јавен оглас пријавата и образецот со упатството за пополнување можат да ги најдат на веб-страната на општината:
Воедно, доколку на подносителите на апликации за матерјална поддршка им е потребна помош при пополнувањето на пријавата, на 05.02.2018 ден понделник , во 11:00 часот се повикуваат да дојдат во малата сала на Општина Кисела Вода, барака број 8.