Насловна
Вечерва градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски ќе има средба со жителите на селото Драчево. Во просториите на ООУ “Св. Климент Охридски”, тој од 19 часот, заедно со раководителите на повеќе сектори од Општината, ќе разговара со жителите од овој дел на градот и заеднички ќе бараат решение за проблемите со кои тие се соочуваат, а за чие решавање има надлежност оваа локална самоуправа. Воедно, сите жители на селото Драчево ќе можат да изнесат и други идеи и предлози за подобрување на условите во кои живеат.
По завршувањето на оваа прва средба од циклусот средби со граѓаните од сите месни и урбани заедници од Општина Кисела Вода, ќе биде извршен и избор на членови на советот за месната заедница.