Насловна
Љубителите на каратето утре во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ ќе имаат можност да го проследат Меѓунродниот карате турнир „Фунакоши Гичин“.
На овој Меѓународен карате турнир кој во Кисела Вода се одржува по деветти пат, ќе учествуваат каратисти од повеќе држави: Словенија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Косово, Албанија и Бугарија.
Натпреварите ќе се одвиват по следниот распоред:
10:00 до 10:30 - свечено отвoрање и постројување на екипите
10:30 - почеток на ката натпреварите
13:00 - почеток на кумите натпреварите
Имено, организатор на овој голем спортски настан е Карате клубот „Фунакоши Гичин“, основан во 2003 година од страна на карате тренерот Стојан Андриевски.
-Сакам да истакнам дека нашиот клуб досега има освоено преку 2000 медали како на домашни така и на меѓународни турнири. Во клубот членуваат каратисти од сите возрасни категории и меѓу нив имаме државни прваци во кати и кумите, како и светски шампиони во ТКА федерацијата. Наши членoви се и повеќе актуелни репрезенатативци. Во клубот членуваат преку 60 каратисти. Благодарение на Општина Кисела Вода и градоначалникот Филип Темелковски оваа година за првпат добивме финансиска поддршка, додека тренинзите ги одржуваме во училишната сала во ОУ „Круме Кепески“. Верувам дека оваа успешна соработка со општината ќе ја продолжиме и во иднина. За крај, сакам да ги повикам сите млади да спортуваат, како би се развивале правилно, нашиот клуб е отворен за секој оној кој го сака каратето – изјави тренерот и карате мајстор во 6 дан, Стојан Андриевски
Воедно, покровител на Меѓунардониот карате турнир „Фунакоши Гичин“ е Општина Кисела Вода, Карате федерацијата на Македонија и туристичката агенција СКАУТ.