• Реновирана спортската сала во ООУ “Св. Климент Охридски” во с. Драчево

    Општина Кисела Вода инвестираше во целосна обнова на училишната сала во од ООУ “Св. Климент Охридски”

  • Општина Кисела Вода сади 160 високо стеблести дрва на својата територија

    Општина Кисела Вода спроведува активности за садење на разни видови на високо стеблести дрва за парковско уредување на својата територија.

  • Францускиот амбасадор ја посети општината

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски во својот кабинет оствари работен состанок со амбасадорот на Франција, неговата екселенција, Кристијан Тимоние.

  • Во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ поставена е нова термоенергетска фасада

    Со завршување на градежните активности ООУ Кирил Пејчиновиќ доби нова термоенертетска фасада

 

 

Насловна

Општина Кисела Вода со апел за превенција од пожари

Имајќи ги во предвид најавените високи температури кои ќе следуваат во наредниот период и по добиеното известување од Дирекцијата за заштита и спасување за зголемената опасност од настанување на пожари на отворен простор, согласно член 5 став 1 точка 3 од Законот за заштита и спасување и член 54 од Законот за шумите, Општина Кисела Вода апелира за преземање на превентивни мерки и зголемена будност и мобилност од страна на сите граѓани и  субјекти на територијата на Општина Кисела Вода за заштита од пожари со препорака:

- да не се пали оган на отворен простор и на небезбедни места

- да не се палат стрништа, меѓи и други површини

- да не се фрлаат стаклени и пластични шишиња

- да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал и

-  да не се фрлаат отпадоци од цигари.

Исто така Општина Кисела Вода апелира до сопствениците на неизградено градежно земјиште, а е со видливо нарасната тревна вегетација, да го уредат, да ги искосат нараснатите тревни површини, се со цел да се спречат несакани последици од пожари кои претставуваат потенцијална опасност за околината.

Општина Кисела Вода ќе продолжи со своите тековни активности за одржување на тревните површини во сите месни и урбани заедници кои се во нејзина законска надлежност.

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Денес дел од ул. Сердарот без струја https://t.co/TAFjbaIUI8
5hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Еко канал на веб страницата на Општина Кисела Вода https://t.co/NeZRpPo2LZ
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода за децата во градинките обезбеди 2500 маски за заштита од аерозагадувањето https://t.co/ooFDATKulN