• Реновирана спортската сала во ООУ “Св. Климент Охридски” во с. Драчево

    Општина Кисела Вода инвестираше во целосна обнова на училишната сала во од ООУ “Св. Климент Охридски”

  • Општина Кисела Вода сади 160 високо стеблести дрва на својата територија

    Општина Кисела Вода спроведува активности за садење на разни видови на високо стеблести дрва за парковско уредување на својата територија.

  • Францускиот амбасадор ја посети општината

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски во својот кабинет оствари работен состанок со амбасадорот на Франција, неговата екселенција, Кристијан Тимоние.

  • Во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ поставена е нова термоенергетска фасада

    Со завршување на градежните активности ООУ Кирил Пејчиновиќ доби нова термоенертетска фасада

 

 

Насловна

Овој викенд во Кисела Вода ќе се игра кошарка и ракомет

Љубителите на спортот, во сабота и недела бесплатно ќе имаат можност да проследат два спортски натпревари.

Во сабота, екипата на ЖКК БАДЕЛ 1862 - Скопје од Кисела Вода ќе и се спротистави на екипата на ЖКК ВАРДАР - Скопје.

Имено, овој дерби кошаркарски натпревар е во рамки на последното коло од регуларниот дел од натпреварувањето во прва лига – жени. Истиот ќе се одигра во спортската сала „Независна Македонија“ со почеток во 19:00 часот. Влезот за посетителите е бесплатен.

- Овој натпревар е од исклучително значење за екипата на ЖКК БАДЕЛ 1862 - Скопје, затоа што со евентуална победа во регуларниот дел од натпреварувањето би имале биланс од меѓусебните натпревари од три победи и еден пораз, што би значело старт во финалето од плеј офот со еден нула, а кој се игра во три добиени натпревари. Нашата екипа се подготвуваше напорно во изминатиот период за овој натпревар, и очекуваме безпоштедна борба за секоја топка, неизвесен и борбен натпревар. Ги повикуваме нашите гледачи и пријатели на клубот од Кисела Вода да дојдат во што поголем број, за да им дадат подршка на нашите девојки, изјави Љупчо Павловски, тим менаџерот на ЖКК Бадел 1862.

Покрај овој натпревар, во недела во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ силите на теренот ќе ги одмерат ракометните екипи на Мегалург Јуниор и РК Преспа. Натпреварот кој е во рамки на првата ракометна лига ќе се одигра со почеток во 13:00 часот.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Денес дел од ул. Сердарот без струја https://t.co/TAFjbaIUI8
5hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Еко канал на веб страницата на Општина Кисела Вода https://t.co/NeZRpPo2LZ
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода за децата во градинките обезбеди 2500 маски за заштита од аерозагадувањето https://t.co/ooFDATKulN