• Реновирана спортската сала во ООУ “Св. Климент Охридски” во с. Драчево

    Општина Кисела Вода инвестираше во целосна обнова на училишната сала во од ООУ “Св. Климент Охридски”

  • Општина Кисела Вода сади 160 високо стеблести дрва на својата територија

    Општина Кисела Вода спроведува активности за садење на разни видови на високо стеблести дрва за парковско уредување на својата територија.

  • Францускиот амбасадор ја посети општината

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски во својот кабинет оствари работен состанок со амбасадорот на Франција, неговата екселенција, Кристијан Тимоние.

  • Во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ поставена е нова термоенергетска фасада

    Со завршување на градежните активности ООУ Кирил Пејчиновиќ доби нова термоенертетска фасада

 

 

Насловна

Градоначалникот Филип Темелковски ги додели пехарите на турнирот во џиу џица борби

Денес со поддршка од Општина Кисела Вода во спортската сала „Независна Македонија“ се одржа Куп на Македонија/турнир во џиу џица борење и ne waza.

Купот на Македонија свечено го отвори градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски. Во своето обраќање пред присутните Темелковски истакна дека општината ќе работи во насока на унапредување на спортот, враќање на спортистите и спортските работници на терените во спортските сали. Градоначалникот Темелковски нагласи дека и во иднина сите спортски клубови и настани ќе ја имаат поддршката од него. 

Додека, претседателот на џиу џица Федерацијата на Македонија Александар Ацевски во своето обраќање се заблагодари за големата поддршка која ја добија од градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски,  како и од одделнението за спорт во реализацијата на турнирот.  

Љубителите на овој спорт имаа можност да се запознаат со вештините во џиу џица борењето и ne waza. На турнирот во машка и женска конкуренција се натпреваруваа/учествуваа деца до осум годишна возраст, пионири 9/10/11, постари пионири 12/13/14, кадети 15/16/17 и јуниори 18/19/20.

Првото место на овој турнир го освои екипата ДАН КЈУ - Скопје, второто место ОСЕНСЕИ - Штип, додека третото место и припадна на екипата Карлос Маја - Скопје. За најдобар машки борец прогласен е Димитриј Радев, најдобра од женските е Ева Димитровска.

На крајот од турнирот градоначалникот Филип Темелковски на најдобрите екипи им ги додели пехарите и им посака многу среќа.

Имено, Купот на Македонија се одржа во организација на Клубот за џиу-џица СОКЕ, додека главен покровител на истиот беше градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски.

Воедно, градоначалникот Филип Темелковски во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ го проследи и ракометното дерби помеѓу РК Металург Јуниор и РК Струга. Екипата од Струга ги надигра ракометарите од РК Металург Јуниор од Кисела Вода, со резулатат 21:28.

Во моментов Металург Јуниор е на третото место на табелата.

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Еко канал на веб страницата на Општина Кисела Вода https://t.co/NeZRpPo2LZ
14hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода за децата во градинките обезбеди 2500 маски за заштита од аерозагадувањето https://t.co/ooFDATKulN
14hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ја реновираше спортската сала во ООУ “Св. Климент Охридски” во с. Драчево https://t.co/yTyavlkl6o