• Реновирана спортската сала во ООУ “Св. Климент Охридски” во с. Драчево

    Општина Кисела Вода инвестираше во целосна обнова на училишната сала во од ООУ “Св. Климент Охридски”

  • Општина Кисела Вода сади 160 високо стеблести дрва на својата територија

    Општина Кисела Вода спроведува активности за садење на разни видови на високо стеблести дрва за парковско уредување на својата територија.

  • Францускиот амбасадор ја посети општината

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски во својот кабинет оствари работен состанок со амбасадорот на Франција, неговата екселенција, Кристијан Тимоние.

  • Во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ поставена е нова термоенергетска фасада

    Со завршување на градежните активности ООУ Кирил Пејчиновиќ доби нова термоенертетска фасада

 

 

Насловна

Општина Кисела Вода ќе ги награди најталентираните ученици од општинските основни училишта

Најталентираните ученици од општинските основните училишта ќе добијат награди од Општина Кисела Вода.

 

Согласно распишаниот оглас од страна на локалната самоуправа, наградени ќе бидат учениците кои освоиле прво, второ, трето место на натпревари од областа на науката, културата, уметноста кои се акредитирани од соодветни установи и институции, добиени во тековната учебна година на државно ниво и на меѓународно ниво. Наградени ќе бидат и талентираните ученици- спортисти кои освоиле прво, второ и трето место на државни првенства во поединечна и екипна конкуренција, на училишно, клупско и репрезентативно ниво во поединечна и екипна конкуренција во олимписките и неолимписките спортови, согласно класификацијата на Агенцијата за млади и спорт. Наградени ќе бидат и прво, второ и третонаградените во меѓународни поединечни и екипни натпревари. Во оваа категорија ќе се вреднуваат резултатите на кандидатите кои како државни репрезентативци (во индивидуална или екипна конкуренција) имаат освоено едно од првите три места на Светско, Европско и Балканско првенство.

Условите и критериумите наведени во огласот за доделување на наградите за талентираните ученици и таленитраните ученици-спортисти, се достапни на општинската веб страница на следните линкови:

http://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/component/content/article/8-soodrzina/1854-2018-05-30-10-17-35

http://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/component/content/article/8-soodrzina/1855-2018-05-30-10-24-13

Воедно, на општинската веб страница се достапни и барањата и изјавите потребни за аплицирање на конкурсот.

Рокот за пријавување започнува од денес, 30.05.2018 година и трае 5 дена од денот на објавувањето на огласот. Барањата и изјавите со потребната документација да се доставуваат по пошта на адреса Општина Кисела Вода ул. “Петар Дeљан” бр.17, или во архивата на општината со назнака - “За избор на талентирани ученици” - Комисија за доделување на награди за талентирани ученици од општинските основни училишта на Општина Кисела Вода.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Еко канал на веб страницата на Општина Кисела Вода https://t.co/NeZRpPo2LZ
13hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода за децата во градинките обезбеди 2500 маски за заштита од аерозагадувањето https://t.co/ooFDATKulN
14hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ја реновираше спортската сала во ООУ “Св. Климент Охридски” во с. Драчево https://t.co/yTyavlkl6o