Насловна
По објавено соопштение од страна на Град Скопје, Општина Кисела Вода информира дека од денес поради извршување на градежни работи во рамки на реконструкцијата на улицата „Антон Попов“, се воведува привремен сообраќаен режим.
Како што е наведно во соопштението на Градот Скопје, привремениот сообраќаен режим кој ќе трае се до завршување на работите се воведува на потегот од крстосницата со улицата „Павел Шатев“ до крстосницата со улицата „Димо Хаџи Димов“ (кај Шампионче). Поради ова, додека се во тек градежните работи на оваа траса, сообраќајот ќе биде забранет за тешките товарни возила, како и за автобусите на јавниот превоз кои се пренасочени и се движат по булеварот „Борис Трајковски“.
Општина Кисела Вода апелира до сите учесници во сообраќајот да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и воедно, замолува за трпение додека се во тек градежните активности.