• Реновирана спортската сала во ООУ “Св. Климент Охридски” во с. Драчево

    Општина Кисела Вода инвестираше во целосна обнова на училишната сала во од ООУ “Св. Климент Охридски”

  • Општина Кисела Вода сади 160 високо стеблести дрва на својата територија

    Општина Кисела Вода спроведува активности за садење на разни видови на високо стеблести дрва за парковско уредување на својата територија.

  • Францускиот амбасадор ја посети општината

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски во својот кабинет оствари работен состанок со амбасадорот на Франција, неговата екселенција, Кристијан Тимоние.

  • Во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ поставена е нова термоенергетска фасада

    Со завршување на градежните активности ООУ Кирил Пејчиновиќ доби нова термоенертетска фасада

 

 

Насловна

Се одржа форум со работодавачите од Кисела Вода

Денеска (06.09.2013), во големата сала на Општина Кисела Вода во организација на Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и Националниот совет за претприемништво и конкурентност се презентираше проектот “Форум со работодавачите”, преку кој стопанствениците од Општина Кисела Вода се запознаа со најсоодветните активни мерки за поттикнување на вработувањето и  квалификации на кадрите.

На форумот се обрати и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ која ја поздрави иницијативата на Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување за реализацијата на овој проект со кој, како што рече, ќе се зајакне соработката во планирањето и имплементирањето на политиките за вработување на локално ниво.

-“Секојдневно се соочувам со наши сограѓани кои доаѓаат во општината и бараат вработување. Одговорот е едноставен: Општината не вработува, но Општината треба да создаде услови за вработување, за создавање инвестиции и еднакви услови и за домашните и за странските инвеститори – порача Беличанец – Алексиќ, додавајќи дека општината Кисела Вода целосно е посветена на тоа поле создавајќи инфраструктурни услови за компаниите.

Таа им порача на претставниците на бизнис-заедницата од општината Кисела Вода, дека локалната самоуправа секогаш им стои на располагање за преземање активности од нејзина надлежност во насока на зајакнување на врската помеѓу понудата и побарувачката на пазарот на труд.

-“Општина Кисела Вода дополнително ги нуди своите капацитети да стане медијатор помеѓу жителите и бизнис-заедницата, со една единствена цел – да се зголеми стапката на вработеност на локално ниво” – потенцираше Беличанец - Алексиќ.

На форумот се обрати и раководителот на Центарот за вработување на Град Скопје, Слободанка Алексовска, која ги презентираше активните програми и мерки за вработување пред бизнис-заедницата од општината.

-“Целта на овој форум е работодавачите да се информираат за можностите што можат да ги искористат за креирање нови работни места. Така  ќе можат да ги планираат своите човечки ресурси за наредната календарска година со цел зголемување на интересот  и апликациите при искористување на новите активни мерки за вработување и остварување што  е можно повеќе вработувања” – појасни Алексовска.

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Денес дел од ул. Сердарот без струја https://t.co/TAFjbaIUI8
5hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Еко канал на веб страницата на Општина Кисела Вода https://t.co/NeZRpPo2LZ
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода за децата во градинките обезбеди 2500 маски за заштита од аерозагадувањето https://t.co/ooFDATKulN