Насловна
Утре во Кисела Вода, во рамки на првата македонска кошаркарска лига сениорската екипа на КК „Академија ФМП“ првпат ќе игра на домашен терен.
Љубителите на кошарката во спортската сала „Независна Македонија“ со почеток од 19:00 часот ќе имаат можност бесплатно да го проследат натпреварот помеѓу екипите на „Академија ФМП“ и „Куманово 2009“.
После силните напори на градоначалникот Филип Темелковски за развој на спортот во општината, конечно по осум години прволигашката кошарка се врати во Кисела Вода. Општина Кисела Вода со цел да го унапреди спортот на својата територија, на спортските клубови и здруженија две години по ред им доделува материјална помош.