Насловна
Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи дванаесетата пленарна седница на 18 јули 2022 година (вторник) со почеток во 11:00 часот, со следниот дневен ред:
- Усвојување на Записникот од 11-тата пленарна седница
1.Давање согласност на Годишниот план за вработување за 2023 година О.О.У.,,Кузман Јосифовски-Питу,,;
2.Давање согласност на Годишниот план за вработување за 2023 година О.О.У.,,Кирил Пејчиновиќ,,;
3.Давање согласност на Годишниот план за вработување за 2023 година О.О.У.,,Партенија Зографски,,;
4.Давање согласност на Годишниот план за вработување за 2023 година О.О.У.,,Невена Георгиева-Дуња,,;
5.Давање согласност на Годишниот план за вработување за 2023 година O.О.У.,,Кузман Шапкарев,,;
6.Давање согласност на Годишниот план за вработување за 2023 година O.О.У.,,Рајко Жинзифов,, -н.Драчево;
7.Давање согласност на Годишниот план за вработување за 2023 година O.О.У.,,Св. Климент Охридски,, с.Драчево;
8.Давање согласност на Годишниот план за вработување за 2023 година O.О.У.,,Круме Кепески,,;
9. Давање согласност на Статутарната одлука за измена и дополнување на Статутот на ООУ „Круме Кепески“ – Општина Кисела Вода, Скопје;
10.Предлог – Правилник за постапката, начинот и условите за давање на користење на училишен простор и спроведување на други активности во врска со општинските основни училишта на Општина Кисела Вода;
11.Предлог – Одлука за измена и дополнување на Одлуката за домашно долгорочно задолжување во рамки на вториот Проект за подобрување на општинските услуги МСИП 02/2018 бр.09-10018/2 од 06 декември 2021 година;
12.Предлог – Одлука за прифаќање на донација - фекална канализација на ул.Лазар Димитров - Петар Драпшин населба 11-ти Октомври во Општина Кисела Вода;
13.Предлог – Одлука за неприфаќање на понуда за првенствено право на купување на градежно земјиште во сосопственост на физичко лице поднесена од Нотар Катерина Митревска од Скопје;
14.Предлог – Одлука за неприфаќање на понуда за првенствено право на купување на градежно земјиште во сосопственост на физичко лице поднесена од Нотар Лазар Козаровски од Скопје;
15.Предлог – Одлука за неприфаќање на понуда за првенствено право на купување на градежно земјиште во со сопственост на физичко лице поднесена од Нотар Лазар Козаровски од Скопје;
16.Предлог - Одлука за исправка на техничка грешка ГП 7.31 од Детален урбанистички план Реон Ј Четврт Ј10, со Одлука бр. 07-18/11 од 27.05.2014 година Службен Гласник на Општина Кисела Вода бр 4/2017;
17.Предлог – Програма за измена и дополна на Програма Г1 – локален економски развој со Потпрограма ГД0 – проекти за енергетска ефикасност за 2022 година;
18.Предлог - Програма за измена и дополнување на Програмата (Ј) – Комунални дејности за 2022 година;
19.Предлог - Програма за измена и дополнување на Програмата (Р) – заштита на животна средина и природа за 2022година;
20.Предлог - Одлука за измена и дополнување на Буџеот на Општина Кисела Вода за 2022 година;
21.Советнички прашања.
Седницата ќе се одржи во големата сала во барака 7.