Насловна
Координативното тело на Советот на општина Кисела Вода на последната координативна седница едногласно ја поддржа иницијативата на градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ за доделување на еднократна парична помош за жителите кои се наоѓаат во поплавените подрачја на Македонија. Иницијативата за донирање на 500 000 денари, ја поддржаа сите советнички групи од Советот на општина Кисела Вода. Одлуката ќе биде донесена на претстојната седница на Советот закажана за 18.02.2015, по која средствата ќе бидат уплатени на сметката на Црвениот Крст, специјално отворена за оваа намена.