Општина Кисела Вода денес додели 38 ваучери за новороденчиња на семејствата со принова од овој дел на градот. Се работи за 19 машки и 19 женски дечиња.
Проектот ги опфаќа семејствата каде двата родитела се со живеалиште на територија на општина Кисела Вода, или едниот, во случај на самохран родител. Тие заедно со барањето треба да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциона сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето.
Средствата се во висина од 6000 денари.