Oпштина Кисела Вода информира дека утре, вторник, 02.10.2018 год., без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од бр. 104 до бр. 118 од улицата „Димо Хаџи Димов“ и корисниците од улицата „Марко Орешковиќ“.
Прекинот во снабдувањето ќе биде во периодот од 08 до 11 часот. Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за истиот е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.