Општина Кисела Вода информира дека утре во временскиот период од 08:30 до 13:00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улиците: „Јустинијан Први“, „Славка Динкова“, „Гандиева“, „Андреја Петковиќ“ и „Ниџе Планина“.
Од РЦУК - Скопје соопштија дека прекините ќе бидат поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.