Се гради фекална канализација за улиците “Герника” и “Сердарот” во с. Драчево

Рејтинг на корисник:  / 6
НајлошоНајдобро 

Општина Кисела Вода продолжува со интензивните градежни активности за изградба на нови фекални канализациони мрежи. Имено, во моментов, екипи на фирмата “Ехи” ДООЕЛ од Скопје, изведуваат активности за изградба на нова канализациона мрежа за дел од селото Драчево, која ќе ја поврзе постоечката со фекалниот колектор во месноста “Потстаница”.

Овој колектор се протега северно и паралелно со железничкиот колосек Скопје – Велес. Вкупната должина на овој одвод на канализацијата е 738 метри, а ќе се води во појас покрај улицата “Сердарот” до свртилиштето на автобусот бр. 41 кај поранешната фабрика за цигли и на дел покрај улицата “Герника” кон железничката станица Драчево, каде ќе премине под железничките колосеци и одводниот отворен канал и ќе се влива во колекторот. Канализацијата се изведува со ПВЦ цевки наменети за улична канализација со профили од Ф 250 и Ф 300 мм, класа SN8 која овозможува градба под сообраќајници и  вградување на поголеми длабочини. Фекалната канализација се вкрстува со четири паралелни железнички линии Скопје – Велес со одводен канал и пат. Според ова техничко решение ќе се изведе заштитна челична цевка со Ф 559 мм под четирите железнички пруги во која ќе се вгради работната спирална канализациона цевка со дијаметар Ф 315мм.

Со реализацијата на овој проект, за кој општината Кисела Вода од својот буџет издвои околу 7.800.000 денари, ќе се овозможи поврзување на секундарната канализација од овој потег на селото Драчево со новата препумпна станица, која се пушти во употреба на почетокот на годинава.  

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda „Слободно Скопје, чисто Скопје“ утре во Општина Кисела Вода https://t.co/ioCUcYeEaD
14hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Академија ФМП од Кисела Вода триумфираше во Крива Паланка https://t.co/c3s381zL1T
15hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda РК Јуниор Кисела Вода повторно на врвот во Првата лига https://t.co/BUx2tAv2ls
17hreplyretweetfavorite