Општина Кисела Вода распишува оглас за користење на спортски објекти во своја сопственост. Имено, Јавното претпријатие за стопанисување со спортски сали и спортски објекти “Кисела Вода- КВ” ги објави критериумите преку кои заинтересираните може да конкурираат за користење на термини во спортските сали “Независна Македонија” и “Архиепископ Доситеј”, како и на фудбалските игралишта во Пржино и Драчево.
Огласот е активен осум дена а пријавите со потребната документација се доставуваат или по пошта или во архивата на Јавното претпријатие. Сите дополнителни детали ги има во огласот кој е достапен во продолжение.