Денес дел од жителите на населбата Кисела Вода се без вода. Како што соопшти РЦУК, по добиено известување од ЈП Водовод и канализација, заради промена на затворачи на водоводна мрежа со пречник 150 мм на ул. Христо Татарчев бр. 14 после Пумпената станица во нас. Кисела Вода, денеска со почеток од 09:00 часот до завршување на интервенцијата без водоснабдување ќе останат корисниците од подулиците со броевите 14, 16, 17, 19, 20, 21 и 22 во Општина Кисела Вода.