Општина Кисела Вода информира дека утре во временскиот период од 12:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од селото Усје, и објектот на Тимел Проект. Во периодот од 15:00 до 17:00 часот, без електрична енергија ќе бидат и корисниците од булеварот „Борис Трајковски“ број 111, фирмата „Геинг Кребс унд Кифер“ и околните стопански и нестопански објекти.
Прекините ќе бидат поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.