Почитувани граѓани,
Денеска на одбележувањето на Меѓународниот ден на човековите права, повикуваме за еднаквост во почитувањето на правата на луѓето, без разлика на сексуалната ориентација, верската, етничката, родовата, политичката и друга припадност.
Со секојдневно почитување на Универзалната декларација за човекови права донесена од Генералното собрание на Обединетите нации на 10 декември во 1948 година, успешно ќе продолжиме да создаваме држава без предрасуди.
Нека е честит Меѓународниот ден на човековите права!