Општина Кисела Вода од понеделник (21.10.2013) ќе започне акција за есенска дератизација на јавните површини на нејзината територија. Со постапката за уништување на глодарите ќе бидат опфатени сите јавни површини, а во 3226 шахти ќе се постават по два мамци.
Уништувањето на глодарите ќе заврши за две недели, а акцијата ќе ја изведе ЈЗУ “Центар за јавно здравје – Скопје”.
Дератизација на јавните површини во општината Кисела Вода се врши два пати во годината, напролет и наесен.