Почитувани,
Утре, среда, (09.07.2014) со почеток во 12 часот, во ОУ “Св. Климент Охридски” во с. Драчево, од страна на Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ и директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, ќе биде пуштено во употреба новото повеќенаменско игралиште, чија изградба започна во декември 2013.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.