По информација добиена од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, ве известуваме дека поради дефект, денеска без вода останаа дел од корисниците во општина Кисела Вода. Од 11:15 часот, прекин во водоснабдувањето има во “Драчево”, на улиците “Сердарот”, “Ратко Митровиќ” и “Речиште”.
Екипи на ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека се работи на санација на дефектите.