По известување од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, според информацијата добиена од ЈП Водовод и канализација – Скопје, ве известуваме дека утре, поради дефект на шибер на ул.”Банско” бр.1, прекин во водоснабдувањето ќе имаат дел од корисниците во Кисела Вода.
Без вода, од 9:30 часот до 15:00 часот, ќе бидат граѓаните од високата зона од улиците “Славејко Арсов”, дел од ул.”Мариовска”, Турската Резиденција и населбата Пржино.