Општина Кисела Вода ги известува своите жители дека согласно добиените информации од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје во текот на утрешниот ден, заради технички зафати во електро-системот без електрична енергија ќе останат делови од Кисела Вода. Конкретно, во периодот од 08.00 до 15.00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од булеварот “Борис Трајковски”.