Насловна
По повод првиот ден од учебната година Општина Кисела Вода ги поканува сите основци и нивните родители и блиски на концерт насловен “Музички волшепства” а во изведба на Продукција Триангл Пулс.
Повеќе: Кисела Вода: концерт на “Триангл Пулс” по повод првиот училишен ден
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес го посети ООУ “Партенија Зографски”. Во овој училишен објект денес започна реконструкција на повеќенаменското и кошаркарското игралиште со што учениците ќе добијат подобри и посовремени услови за спортување и рекреација.
26-та Седница на Советот на Општина Кисела Вода
“Кино на отворено” кое Општина Кисела Вода го започна минатата година, го продолжи и оваа година. Изминатиот викенд, во паркот “Македонија”, непосредно до Домот на култура “Билјана Беличанец” бројна публика имаше можност под отворено небо да ужива во бесплатните филмски проекции.
Повеќе: Три филма и серија на овогодинешното “Кино на отворено” на Општина Кисела Вода
Викендов, Општина Кисела Вода ве поканува на “Кино на отворено”! Традицијата започната минатата година продолжува и годинава во паркот “Македонија”, веднаш до домот на култура “Билјана Беличанец”. Во сабота и недела, 26-ти и 27-ми август, со почеток од 20:30 часот ќе бидат прикажани по две епизоди од серијалот,,Викенд на мртовци", потоа и фимот “Кајмак” во сабота и ,,Ах, љубов моја" во недела.