Насловна
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес изврши увид на улицата “Локов” во Кисела Вода, каде финализира реконструкцијата на оваа сообраќајница заедно со нејзините краци, а се изврши и реконструкција и проширување на паркинг просторот. Дополнително, изведена е и нова пешачка патека која ги спојува улиците “Локов” и “Димо Хаџи Димов”, со што се скратува патната комуникација на жителите од овој дел од населбата.
Повеќе: Реконструкција на улица “Локов” и проширување на паркинг просторот
Магична вечер која никој нема да ја заборави, се случи синоќа во општина Кисела Вода. Преку 30 000 посетители се собраа во Расадник, на финалето од Културното лето каде концерт одржа Петар Грашо, а вовед во музичката приказна даде Жаре Бербер со “Галама” бенд. Не постои човек кој замина од таму без преубави спомени.
Уште еден прекрасен концерт од Културното лето на Кисела Вода се одржа синоќа на Три Круши во Драчево.
Преку 15 000 посетители вечерва уживаа во фантастичната атмосфера на на првата вечер од Културното лето на Општина Вода.
Повеќе: Над 15 000 луѓе вечерва на Културното лето во Кисела Вода
Победниците од купот “Св.Ѓорѓија” беа на прием кај градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, каде беа присутни и Претседателот на Сојузот на училишен спорт на општината Дејан Стојмановски и селекторот и тренер во кошарка Благоја Кецовски.
Повеќе: Градоначалникот Ѓорѓиевски им врачи пехари на победниците од купот "Св.Ѓорѓија"