Насловна
Во сабота, (01.03.2014), во големата сала на општина Кисела Вода, со почеток во 10:00 часот, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ ќе додели ваучери за еднократна парична помош на 61 семејствo со новороденчиња од општината.
Од денес, во поликлиниката Драчево почнува со работа РТГ кабинет. Во употреба денес го пуштија градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец Алексиќ заедно со директорот на ЈЗУ “Здравствен Дом Скопје” др.спец.Татјана Баевска Вучковиќ .
Поради дефект на шибер затварач профил ф-150 милиметри,денес без водоснабдување ќе останат корисниците од улица "Јустинијан Први" (поранешна "Драчевска") во с.Драчево.
Утре, 28.02.2014г.(петок), во 12 часот, во поликлиниката Драчево, директорката на ЈЗУ Здравствен Дом Скопје, др.спец.Татјана Баевска Вучковиќ заедно со градоначалничката на општина Кисела Вода Билјана Беличанец Алексиќ ќе промовираат почеток на работа на РТГ кабинет во поликлиника Драчево.
Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец Алексиќ го потпиша договорот со фирмата изведувач “Инком Инженеринг” , со што е дадено зелено светло за почеток на изградба на градинка во Припор.