Насловна
Со посетата на месните заедници Стаклара - Каменик и Кисела Вода, вчера градоначалникот Беличанец - Алексиќ и претставниците од општинската администрација го завршија циклусот посети на сите месни и урбани заедници во општината Кисела Вода.
Целта на посетите беше граѓаните на овие населени места изворно да се запознаат со тековните проекти на општината, но и со проектите кои се во план да се реализираат во следниот период.
Повеќе: Завршија посетите на месните и урбани заедници во Кисела Вода
Градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ, заедно со претседателот на Советот на општината Трајче Донев, раководниот тим од општината и претставници од подрачните единици на јавните претпријатија во Градот Скопје, вечeрва ќе ги завршат посетите на месните и урбани заедници во општината.
Општина Кисела Вода ги известува граѓаните дека Агенцијата за катастар на недвижности, традиционално седма година по ред ќе организира работни средби на стручните тимови од Агенцијата со граѓаните, со цел предочување и надминување на проблемите од областа на катастарот.
Повеќе: “Отворени денови со катастарот” за жителите на Кисела Вода
Дел од корисниците од улицата „Румена Хаџи Панзова“ во населбата Драчево денес од 8 до 10 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Од 8:30 до 9:30 часот пак, струја ќе немаат и дел од корисниците од улицата „Студеничанска“ во село Драчево.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините во снабдувањето со електрична енергија се заради реализација на инвестициски зафати од ЕВН Македонија за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во наведените реони.
Општина Кисела Вода продолжува со интензивните градежни активности за асфалтирање на нови и реконструкција на постоечки сервисни улици на нејзината територија.
Во таа насока, во рамките на своите активности за подобрување на сообраќајната инфраструктура на нејзината територија, општината во изминатиот месец реконструираше околу 27 сервисни улици во 5 месни и урбани заедници, каде е поставен асфалт на вкупна површина од околу 5.000 квадратни метри.