Насловна
Општина Кисела Вода информира дека утре во временскиот период од 08:30 до 10:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Саса“ бр. 32, додека пак во временскиот период од 12:30 до 15:00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат и корисниците од булеварот „Борис Трајковски“ бб, објектите на влезот на Стакларница, ресторанот „Мандра“, „БА Компани“ и околината во општина Кисела Вода. Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, соопштуваат дека прекините ќе бидат поради закажани технички зафати во електромрежата.