• Конституиран новиот совет на Општина Кисела Вода

    Советот на општина Кисела Вода ја одржа првата конститутивна седница и на истата беа верификувани мандатите на 23 - те нови советници на општината.

  • Започнаа приемните денови кај Градоначалникот Темелковски

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денес започна со средби со граѓани, невладини организации и граѓански здруженија во својот кабинет.

  • Дечињата од ЈДГ „8 Март“ во посета на Општина Кисела Вода

    Градоначалникот Филип Темелковски денеска во својот кабинет ги прими дечињата од ЈДГ „8 Март“.

  • Подобрени условите за дечињата во градинката “Сончоглед”

    Завршена е првата фаза од реновирањето на објектот на градинката “Сончоглед” во населбата Кисела Вода

 

 

Насловна

"Чалгија саунд систем" синоќа на "Три круши 2017"

Во рамките на дванаесетото издание на културното лето “Три Круши 2017”, кое ќе се одвива до крајот на овој месец, синоќа одличен концерт одржа етно составот “Чалгија Саунд Систем”.

 Оваа група која го има чалгискиот израз како основа за создавање современа музика, во духот на чалгиската традиција, со што на одреден начин и ја продолжува традицијата, прозвуче од сцената на верско-рекреативниот комплекс Три круши во селото Драчево.

Публиката повеќе од еден час уживаше во македонската чалгиска песна, во огромниот број песни од македонската фолклорна ризница на кои со оригиналната изведба им е даден нов дух, но и во сосема нови, авторски песни на овој бенд кој настапува на многу фестивали ширум земјата и надвор од неа.

Културното лето на Општина Кисела Вода продолжува. Во петок концерт ќе одржи Миле Кузмановски, а саботата е резервирана за “Дипломатик бенд”. И двата концерта ќе се одржат на Три круши, со почеток во 20:30 часот.

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Започна големата акција за чистење на Кисела Вода https://t.co/EozntOi7Tv
O_KiselaVoda Овој викенд, шест спортски натпревари на клубовите од Општината https://t.co/eRqZnD4d56
O_KiselaVoda Утре ул. „Иван Козаров“ без струја https://t.co/CnTaSzio37