• Пакетчиња за дечињата од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

    Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот Филип Темелковски ги посети учениците од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

  • Конституиран новиот совет на Општина Кисела Вода

    Советот на општина Кисела Вода ја одржа првата конститутивна седница и на истата беа верификувани мандатите на 23 - те нови советници на општината.

  • Започнаа приемните денови кај Градоначалникот Темелковски

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денес започна со средби со граѓани, невладини организации и граѓански здруженија во својот кабинет.

  • Финализираше целосната реконструкција на Паркот Шопен

    Општина Кисела Вода изгради две нови детски игралишта во Паркот Шопен.

 

 

Насловна

Општина Кисела Вода го прослави 58-от роденден

Со неколку настани, денеска најстарата општина во градот Скопје го прославува нејзиниот 58-ми роденден. Одбележувањето започна со свечена седница на Советот на општината, на која присуствуваа потпретседателот на Собранието на Република Македонија, поранешни претседатели на Советот, поранешни советници, претставници на бизнис заедницата, членови на општинската администрација, претставници на основните училишта, детските градинки и други гости. Свечената седница ја отвори претседателот на Советот на општината, г-нот Трајче Донев, кој ги поздрави присутните и им се заблагодари за нивното присуство. 

 


-“ Советот на Општина Кисела Вода, како претставничко тело на граѓаните, кое ги носи Програмите за работа на општината и Одлуките за подобрување на инфраструктурата во општината, никако не смее да заборави дека “Неговото Величество – Граѓанинот” е секогаш на прво место!!! Советот на Општина Кисела Вода е орган избран “од” и “за” граѓаните. Тука не смееме да имаме никакво двоумење – порача претседателот Донев.
Свој настап имаа и учениците од основното училиште ,,Кузман Јосифовски Питу” со изведба на националната химна.
Присутните гости со пригоден говор ги поздрави градоначалникот Билјана Беличанец - Алексиќ, која се надоврза на претседателот на Советот и искажа благодарност за конструктивната и успешна соработка со Советот на почетокот на административното делување. 
-“Од самиот почеток, со изборот на Тасе Ивановски за претседател и Александар Јовановски за секретар на Народниот одбор на Општина Кисела Вода во 1955 година, па се до денес на кормилото на најстарата скопска општина застанале преку 20 челници, кои со својата пожртвуваност и несебично залагање придонеле Општина Кисела Вода да го најде своето место во семејството на успешни општини во Република Македонија” – изјави градоначалникот Беличанец - Алексиќ.


Таа наведе дел од досега реализираните проекти и порача дека тие проекти ќе беа само парче испишана хартија, доколку не беа поддржани од Советот на Општината. 
-“Ја користам оваа прилика да искажам голема благодарност до членовите на Советот на Општина Кисела Вода за нивната конструктивност и позитивен пристап во решавањето на предизвиците со кои се соочува општината од една страна, но и нашите сограѓани, од друга страна. Само со ваков, сериозен и проактивен пристап ќе можеме да ги следиме потребите на граѓаните и ќе овозможиме развојот на Општина Кисела Вода да се одвива со уште позабрзано темпо, во насока на подобрување на квалитетот на услугите кон нашите сограѓани” – заврши Беличанец - Алексиќ.

На свечената седница, градоначалникот додели и плакета на г-нот Звонко Спасовски (поранешен претседател на Советот и актуелен советник во Општината), за особен придонес во развојот на општината, а вакви плакети во отсуство беа доделени и на поранешниот градоначалник на општината, Марјан Ѓорчев и на директорката на ЈДГ “Весели Цветови”, Павлина Карамазова.  

Одбележувањето на роденденот продолжи со дефилето на Буба клубот и мото клубот “Ноќни Волци”, кои направија парада низ целата општина и го финишираа дефилето во урбаната заедница Расадник, каде пред кафулињата “Кватро” и “Гет” се одржа голема забава, со перформанс на еден од најдобрите македонски диџеји – Ицко. Присутните гости можеа да уживаат со пијалоци по дампинг цени.

На забавата, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ ги додели наградите за најубаво уреден двор и тераса во општината Кисела Вода, за кои општината обезбеди пригодна награда – бесплатно летање со балон. Поради неповолните временски прилики, победниците, г-ѓата Ленче Велковска и г-нот Зоран Смоковски, ваучерот за бесплатно летање со балон ќе го реализираат во некоја следна прилика.


Активностите за одбележување на роденденот на општината продолжуваат попладнево со организација на Хуманитарна Коријада. Имено, во паркот “Фредерик Шопен”, во периодот од 17:30-19:00 часот, Активот на жени – пензионери од Кисела Вода во соработка со општината Кисела Вода и волонтерите од Дневниот центар на Црвениот Крст ќе ги изложат домашно приготвените специјалитети. Сите заинтересирани граѓани по симболични цени ќе можат да дегустираат дел од вкусните пити, подготвени од вештите раце на жените пензионери од Кисела Вода. Собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели, однонсо ќе се доделат на социјално загрозени семејства од општината.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Целосна реконструкција на тоалетите во објектот "Сончоглед" при ЈДГ „Весели Цветови“ https://t.co/fiuJXesfmJ
33mreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Дел од населба Драчево без вода https://t.co/IFMxedZnAE
O_KiselaVoda "Соседска патрола" низ Oпштина Кисела Вода за поголема безбедност на граѓаните https://t.co/rXhNry8jkm