• Реновирана спортската сала во ООУ “Св. Климент Охридски” во с. Драчево

    Општина Кисела Вода инвестираше во целосна обнова на училишната сала во од ООУ “Св. Климент Охридски”

  • Францускиот амбасадор ја посети општината

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски во својот кабинет оствари работен состанок со амбасадорот на Франција, неговата екселенција, Кристијан Тимоние.

  • Во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ поставена е нова термоенергетска фасада

    Со завршување на градежните активности ООУ Кирил Пејчиновиќ доби нова термоенертетска фасада

  • Општина Кисела Вода сади нови 67 дрва на својата територија

    Општина Кисела Вода започна акција за садење на нови 67 разни видови дрва на повеќе локации на својата територија.

 

 

Насловна

Одбојкарките на Јанта Волеј и Планет вечерва ќе ги одмерат силите во Спортската сала „Независна Македонија“

Вечерва одбојкaрскиот клуб Јанта Волеј од Кисела Вода во Спортската сала „Независна Македонија“ ќе ја пречека екипата на Планет од Скопје.

Љубителите на одбојката овој натпревар ќе можат да го проследат во спортската сала „Независна Македонија“ со почеток од 18:00 часот.

-Пролетниот дел го започнавме успешно со победа над екипата Универзитет Тетово во Тетово со максимален резултат 3:0 и моментално се наоѓаме на второто место на табелата.

Со градскиот ривал Планет очекуваме да ја продолжиме победничката серија бидејки во есенскиот дел ги победивме на нивен терен. Сакам да нагласам дека многу добро сме подготвени  во зимскиот период пред се благодарение на добрите услови кои ни се овозможени од страна на Општина Кисела Вода, градоначалникот Филип Темелковски и Одделението за спорт.

Успешно ја претставуваме одбојката во општината и континуирано сме во завршниците на првенството и купот на Македонија. Се надевам дека ќе успееме да се избориме за влез во финалињата и ќе дадеме се од себе да ги освоиме победничките пехари.

Нашиот клуб постојано се надополнува со млади таленти кои почнуваат со одбојкарската игра благодарение на проектот спорт за секое дете кој го реализира Општина Кисела Вода во соработка со нашиот клуб. Се надеваме дека соработката ќе продолжи и дека ќе ја омасовиме одбојката во нашата општина – изјави капитенот на женскиот одбојкарски клуб Јанта Волеј, Моника Јаневиќ.

Имено, овој натпревар кој ќе се одигра денес е во рамки од 11 коло на првата одбојкарска лига на Македонија за жени.

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Утре неколку улици во Кисела Вода без струја https://t.co/AQqU1H1dSo
37mreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Во Општина Кисела Вода извлечена ждрепка за претстојниот Куп „Св. Ѓорѓи“ https://t.co/58wbgUprGi
4hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода го одбележа Денот на водата https://t.co/G48u75amUn
9hreplyretweetfavorite