• Пакетчиња за дечињата од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

    Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот Филип Темелковски ги посети учениците од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

  • Конституиран новиот совет на Општина Кисела Вода

    Советот на општина Кисела Вода ја одржа првата конститутивна седница и на истата беа верификувани мандатите на 23 - те нови советници на општината.

  • Започнаа приемните денови кај Градоначалникот Темелковски

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денес започна со средби со граѓани, невладини организации и граѓански здруженија во својот кабинет.

  • Финализираше целосната реконструкција на Паркот Шопен

    Општина Кисела Вода изгради две нови детски игралишта во Паркот Шопен.

 

 

Насловна

Со победата на кошаркарите од ООУ "Кузман Јосифовски- Питу" завршија училишните спортски игри во Општина Кисела Вода

Со вчерашната победа над тимот од ООУ “Круме Кепески’, кошаркарите од ООУ “Кузман Јосифовски Питу” се новите шампиони во кошарка на годинешните училишните спортски игри.

 Во салата “Независна Македонија” во Општина Кисела Вода, во изминатите два дена се играа натпреварите меѓу најдобрите четири екипи од основните училишта од овој дел на градот. Наградите ги доделија градоначалникот на Општината Филип Темелковски, секретарот на Општината Александар Алексовски и Претседателот на Совет Дарио Шимиќ, како и претседателот на Општинскиот сојуз за училишен спорт на Општина Кисела Вода Јовица Ефтовски.

 

Редоследот на конечната табела изгледа вака:

Првото место го освои “Кузман Јосифовски Питу”;

Второто место го освои ООУ “Круме Кепески”;

Третото место за ООУ “Партенија Зографски”

Четврто место му припадна на ООУ “Кузман Шапкарев”.

За МВП на турнирот беше прогласен Павел Атанасов од ООУ “Кузман Јосифовски Питу”.

 

Со петочниот натпревар во кошарка, финализираа и годинешните училишните спортски игри во организација на неодамна возобновениот Општински сојуз за училишен спорт на Општина Кисела Вода и Општина Кисела Вода. Во рамки на училишните лиги учествуваа спортските таленти од сите основни училишта од подрачјето на општината. За потсетување, титулата во футсал ја освои ООУ “Круме Кепески”,

додека во женска одбојка најдобри беа одбојкарките од ООУ “Партенија Зографски”.

Општинскиот сојуз за училишен спорт на Општина Кисела Вода беше возобновен по 5 години, на иницијатива на градоначалникот Филип Темелковски кој смета дека спортот и спортските активности допринесуваат за  правилен раст и развој кај учениците. 

За истото, тој доби бладогарница од страна на престедателот на Општинскиот сојуз за училишен спорт на Општина Кисела Вода Јовица Ефтовски.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Следува богат спортски викенд во Кисела Вода https://t.co/FuWzSPABGN
28mreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Од денес на улицата „Антон Попов“ се воведува привремен сообраќаен режим https://t.co/eYj7BZCmx9
5hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Во тек се активности за чистење на Пинтија и Стаклара – Каменик https://t.co/Lrone9unY2