Насловна
Синоќа во верско рекреативниот центар „Три круши“ одличен концерт одржаа најквалитетните македонски фолк пејачи Наум Петрески и Зуица Лазова.
Брачната двојка Наум и Зуица која зад себе има многу македонски фолк хитови, пред бројната публика која беше видно воодушевена ги испеа познатите песни, Лазарополе, За многу години Македонци, Жал за Деспина, Лено Ленче, Лична Јовано, Утринска, Џумбушлија, Кој ја роди песната...
Додека, вечерва со почеток во 20:00 часот публиката ќе има можност да ужива во прекрасниот глас на нашата најквалитетна македонска поп ѕвезда Кристина Арнаудова и брачното дуо Силви Бенд, со чии концерти свечено ќе се затвори овогодинешното културно лето “Три круши 2018“.
На свеченото затворање на културната манифестација „Три круши 2018“ ќе се обрати градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски.