• Проект „Енергетски ефикасни домови“ во Општина Кисела Вода

    Од први септември започнува аплицирањето на жителите на Општина Кисела Вода кои се заинтересирани да бидат дел од проектот

  • Целосно е реновирана спортската сала Независна Македонија

    Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „За стопанисување со спортски сали и објекти - Кисела Вода“, целосно ја реновираше спортската сала „Независна Македонија“

  • Градоначалникот Филип Темелковски во Владата на РСМ потпиша договор за набавка на товарно возило – кипер

  • Општина Кисела Вода го прослави својот 64-ти роденден

    Со низа активности Оштина Кисела Вода го прослави својот 64-ти роденден.

 

 

Насловна

Градоначалникот Филип Темелковски во САД се сретна со сенаторите на Оклахома Кеј Флојд и Роб Стандриџ

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави со цел за пренесување на искуства во нашата држава кои би придонеле за подобар живот на граѓаните.

Градоначалникот ја посети државата Оклахома каде се запозна со работата и со ингеренциите на Сенатот на локално и државно ниво. При овој престој Темелковски оствари работна средба со сенаторите на Оклахома Кеј Флојд (Д) и Роб Стандриџ (Р) кои го запознаа со степенот на децентрализација, а му ја објаснија и соработката помеѓу Федералната Влада, Државниот Сенат, гувернерите и градоначалниците. 

На оваа средба сенаторите градоначалникот го информираа и за начинот на креирање на политиките и независноста при нивното креирање.

Темелковски беше во посета и на Комитетот за надворешна политика при US House of Representatives во Вашингтон место каде што се одлучува за надворешната политика на САД.

Градоначалникот Филип Темелковски во Калифорнија, се стекна со знаење за функционирањето на најголемите корпорации, стартапи, тинк-тенк организации и бизнис инкубатори ( Google, Plug&Play Tech, Denmark Tech Ambassador, Bay Area urban security Initiative и Bay Area Council Economic Institute).

Со претставниците на истите градоначалникот дискутираше за актуелните економски случувања , општествената одговорност на големите компании, четвртата индустриска револуција, како да се помогнат новите стартапи и малите компании, за поддршката на општините во бизнисот, за сајбер безбедноста и за тоа како да се заштитиме од лажните вести.

Покрај ова Темелковски беше во работна посета на најголемите фондации и истражувачки центри( Institute of International Education, The Brookings Institute, Center for International and Strategic Studies, Heritage Foundation) на која заедно со млади лидери од цела Европа дискутираа за актуелните геополитички случувања со луѓето кои ја креираат надворешната политика во Вашингтон.

Градоначалникот Темелковски беше и во US Capitol каде се запозна со работата на сенаторите, конгресмените и комисиите при Сенатот.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Утре ул. Киро Фетак без струја https://t.co/s3wvNho8nX
O_KiselaVoda Во Кисела Вода се одржа Мултимедијален хепенинг на отворен простор https://t.co/5B8VQFyBaA
O_KiselaVoda Награди за најдобрите ученици, спортисти и просветни работници во училиштата и градинките https://t.co/kP5Y15ZpqK