• Жителите на Пинтија ќе добијат асфалтирани улици и атмосферска канализација

    Жителите на Пинтија на потегот од ул. „Саса 2“ до крстосницата со „Јабланица“ ќе добијат целосно реконструирана улица.

  • Децата и вработените во објектот „Мимоза“ на ЈДГ „Весели цветови“ ќе добијат подобри услови

    Градоначалникот Филип Темелковски потпиша договор за реализација на проект за енергетска обнова на ЈДГ „Весели цветови“, објект „Мимоза“.

  • Целосно е реновирана спортската сала Независна Македонија

    Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „За стопанисување со спортски сали и објекти - Кисела Вода“, целосно ја реновираше спортската сала „Независна Македонија“

  • Градоначалникот Филип Темелковски во Владата на РСМ потпиша договор за набавка на товарно возило – кипер

 

 

Насловна

ООУ „Св. Климент Охридски“ од Кисела Вода доби награда за најубаво уреден двор на институција

ООУ „Св. Климент Охридски“ од село Драчево продолжува да освојува награди.

Училиштето во надлежност на Општина Кисела Вода на јавниот конкурс на Град Скопје, за избор на најеколошка компанија, најголем придонес во областа на заштитата на животната средина, најубаво уреден двор (индивидуално домување, колективно домување и институција), најубав состав и цртеж на тема екологија за учениците од основните и од средните училишта, ја освои наградата за најубаво уреден двор на институција. Градот на ООУ „Св. Климент Охридски“ му додели парична награда во висина од 40.000 денари.

Градот Скопје со цел да ја подигне јавната свест за значењето и потребата од чиста и здрава животна средина, во рамки на манифестацијата „Денови на пролетта - денови на екологијата“ традиционално го објавува јавниот оглас.

Неодамна, на конкурсот „Предизвик за млади истражувачи 2“, ООУ„Св. Климент Охридски“ од Фондот за иновации и технолошки развој доби награда, финансирање на проект за „Квалитетот на воздухот во училницата“.

 

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Утре две улици во Кисела Вода без струја https://t.co/ofY9BnoYOw
O_KiselaVoda Нека ни е честит Денот на антифашистичкото востание https://t.co/PTN6LXME7h
O_KiselaVoda Во Кисела Вода започна акција за разубавување на дворовите на училиштата и градинките https://t.co/0cC4tCBlSs