Општина Кисела Вода информира дека утре од 09:00 часот и задутре можен е прекин во водоснабдувањето во населба Драчево.
Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје соопштуваат дека можниот прекин со водоснабдувањето ќе биде поради чистење и хлорирање на левата комора од резервоар Драчево и ќе трае се до завршување на работите.