Општина Кисела Вода го одбележа својот патронен празник Ѓурѓовден

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Денес општина Кисела Вода традиционално по 19 пат го одбележа својот патронен празник Ѓурѓовден. Овој голем пролетен празник кој го најавува будењето на природата и празнувањето на животот со пригодна програма беше одбележан во паркот Шопен.

Во одбележувањето на овој празник беа вклучени голем број на ученици од основните училишта и дечиња од градинките кои гравитираат на територијата на општина Кисела Вода. Тие пред големиот број на присутни се претставија преку изведба на музичко ритмички точки. Покрај ова, одбележувањето на овој голем ден беше збогатен и со сплет на ора кои беа во изведба на КУД Китка од населба Драчево во кое учествуваат ученици од основните училишта на општината.

 

Денес својот патронен празник со пригодна свеченост го прослави и градинката „Ѓурѓица“ во населба Пинтија. Дечињата од оваа градинка преку изведба на музичко ритмички точки се претставија пред присутните. Оваа градинка која беше пуштена во употреба минатата година е со површина од 420 метри квадратни и изградена е по стандардите за енергетска ефикасност.

Општина Кисела Вода со одбележувањето на Ѓурѓовден, празник кој традиционално бил прославуван од населението во општината, докажува дека се грижи за зачувување на традициите и обичаите.

 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода гради трибини на фудбалското игралиште "ССК" во Драчево https://t.co/Qpedl1w1Ek
3hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda И следната учебна година, нижо музичко образование во Драчево https://t.co/uXUgVzXpDl
O_KiselaVoda И оваа учебна година, нижо музичко образование во Драчево https://t.co/LqPEA2Oesr