Тамбурашкиот оркестар “Гезме“ одржа концерт за паметење на “Три круши 2017“

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Во рамки на културното лето “Три круши 2017“ кое ќе се одвива до крајот на овој месец, синоќа концерт за паметење одржа познатиот македонски Тамбурашки оркестар “Гезме“. Овој оркестар кој има за цел да ја зачува од заборав тамбурашката музика, прозвуче од сцената на верско - рекреативниот центар Три круши.

Повеќе од еден час бројната публика имаше можност да ужива во традиционалните звуци на тамбурата, во прекрасната изведба на песни од забавната музика, но и во препевот на најубавите македонски староградски песни, кои оставија белег кај публиката.

Културното лето “Три круши 2017“ кое е во организација на Општина Кисела Вода продолжува и вечерва. На истата локација со почеток од 20:30 часот посетителите ќе имаат можност да уживаат во настапот на “Силви бенд“. 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Табли со предупредување на изворите со небезбедна вода за пиење https://t.co/NgZkQAUlUp
19hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Честит Рамазан Бајрам на сите граѓани од исламска вероисповед https://t.co/8KqTnkD4cF
O_KiselaVoda Денес дел од Припор без вода https://t.co/I9YMpxbap9