Подобрени условите за дечињата во градинката “Сончоглед”

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Завршена е првата фаза од реновирањето на објектот на градинката “Сончоглед” во населбата Кисела Вода.

Финализирани се градежните зафати кои опфатија промена на ламинатот на површина од 800 квадратни метри, внатрешно молерисување на објектот, отстранување на старата ламперија и поставување на гипс-картон со глетување на ѕидовите.  

За реализацијата на овие реконструктивни зафати, Општина Кисела Вода вложи околу 900.000 денари. До крајот на 2017 година ќе тече и втората фаза која ќе овозможи санација на тоалетите, а веќе во третата фаза која е предвидено да се реализира во 2018 година, ќе се изврши реновирање на делот со јаслите, промена на прозорците и ламинатот.

Објектот на градинката “Сончоглед” згрижува 260 дечиња. Се наоѓа на улицата “Локов” во населбата Кисела Вода е дел од ЈДГ “Весели Цветови”. Датира од 1975 година и во него досега немало некој покрупен реконструктивен зафат.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Денес, во паркот Шопен се одржаа спортски активности и ликовен хепенинг https://t.co/VJLpCjgz9Y
16hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Утре Драчево ќе биде без вода https://t.co/N2wIwdNVdJ
O_KiselaVoda Во Општина Кисела Вода се одржа ОТВОРЕНА ТРИБИНА со градоначалникот Филип Темелковски https://t.co/R2ukkZQBvR