250 дечиња од Општина Кисела Вода ќе земат учество во манифестацијата „Бадникови поворки“

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Градоначалникот Филип Темелковски по повод Божиќните празници, утре (сабота), на Бадник во Општина Кисела Вода во 10:30 часот ќе пречека 250 дечиња - коледарчиња од општината.

На оваа средба градоначалникот Темелковски на дечињата кои ќе бидат дел од оваа коледарска посета ќе им подари бадникарски подароци.

Дечињата покрај средбата со градоначалникот, од просториите на општина Кисела Вода ќе заминат во Црквата Пресвета Богородица каде што ќе се фотографираат пред големата „Божикна пештера“. Потоа, дечињата ќе се приклучат на главната поворка на традиционалната манифестација „Бадникови поворки“ која за учесниците од Општина Кисела Вода ќе започне во 11:30 часот на плоштадот Филип втори, кај Црквата Св. Димитрија.  На оваа празнична бадникова поворка тие во еден глас заедно со останатите учесници од другите скопски општини ќе ја испеат позната Бадникарска песна „Вечниот бог“, која во текот на поворката ќе биде изведена.

Оваа традиционална манифестација ќе ја збогатат и македонските поп пејачи Даниел  Кајмакоски, Елена Ристеска, Викторија Лоба, како и друга поголема група изведувачи, глумци, спортисти и златни славејчиња. Според програмата, учесниците во 12 часот ќе тргнат кон Соборниот храм Св. Климет Охридски каде што  децата ќе бидат пречекани од страна на Архиепископот охридски македонски г.г Стефан. Воедно, на оваа манифестација ќе учествуваат околу 7320 деца.

 

 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Четвртоодделенците од ООУ "Рајко Жинзифов" ја посетија Општина Кисела Вода https://t.co/Pearp0WXcI
O_KiselaVoda Мамци против штетни глодари поставени во 3863 шахти низ цела Општина Кисела Вода https://t.co/FjQDzViFU9
O_KiselaVoda Утре без струја дел од ул. Рилски конгрес https://t.co/wHBSGHook9