Коледарите од Општина Кисела Вода ја почнаа Бадниковата поворка

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

​Градоначалникот Филип Темелковски по повод утрешниот голем христијански празник Божиќ денес во просториите на Општина Кисела Вода прими 250 коледарчиња од општината.

Дечињата на оваа средба, кои беа видно задоволни од истата го поздравија градоначалникот со позната христијанска песна Вечниот бог. Градоначалникот Филип Темелковски во своето обраќање пред дечињата - коледарчиња кои дојдоа да го поздрават, им се заблагодари за денешната посета, како и за нивното учество во традиционалната манифестација Бадникови поворки. На крајот од оваа несекојдневна преубава средба градоначалникот Филип Темелковски ги израдува дечињата со скромни бадникови подароци.

- Сакам да ви се заблагодарам што Бадниковата поворка ја почнувате токму од овде, од нашата Општина Кисела Вода. Коледарите носат среќа и бериќет на секоја врата на која ќе затропаат, па силно верувам дека вашата убава мисла и енергија во новата година што ја започнуваме, ќе донесат благосостојба, хармонија, среќа, здравје и радост на секој жител на Општина Кисела Вода. Воедно,ова се моите желби и за сите православни христијани, жители на Општината, со кои заеднички ги празнуваме Божикните празници. Нека овој Божик ни донесе меѓусебно разбирање и почитување, нека ни донесе просперитетна иднина и подобар живот на сите нас-порача градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски.

Потоа, коледарчињата од просториите на општина Кисела Вода со организиран автобуски превоз се упатија кон Црквата Пресвета Богородица каде што ќе се фотографираат пред големата „Божикна пештера“. Од таму, коледарчињата ќе се упатат кон плоштадот Филип Втори, кај Црквата Св. Димитрија, од каде што ќе се приклучат на главната поворка на традиционалната манифестација „Бадникови поворки“. Тие во еден глас заедно со останатите дечиња ќе ја испеат позната Бадникарска песна „Вечниот бог“, која во текот на поворката ќе биде изведена.

Оваа празнична бадникова поворка со своето учество ќе ја збогат и македонските поп пејачи Даниел  Кајмакоски, Елена Ристеска, Викторија Лоба, како и друга поголема група изведувачи, глумци, спортисти и златни славејчиња. Според програмата, дечињата во 12 часот ќе тргнат кон Соборниот храм Св. Климент Охридски каде што ќе бидат пречекани од страна на Архиепископот Охридски македонски г.г Стефан.

Воедно, на оваа манифестација која започна денес во претпладневните часови учествуваат околу 7320 деца од сите градови во нашата држава.

 

 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Синоќа Блага Петреска и Ѓоко Дончев, вечерва Дани Димитровска на "Три круши 2018" https://t.co/IGEseyLYE3
8hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda По Бени Нон Стоп, вечерва на Три Круши Блага Петреска и Ѓоко Дончев https://t.co/HqdFdnfLlP
O_KiselaVoda Синоќа одличен концерт на Миле Кузмановски, вечерва Бени и Нон Стоп на "Три Круши 2018" https://t.co/tIQFOH6CPf