Општина Кисела Вода се приклучува на глобалната иницијатива за мапирање и чистење Let ’s Do It! World

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Општина Кисела Вода ги повикува граѓаните да бидат активни учесници во глобалната акција за мапирање и чистење на диви депонии со отпад.

Целта на акцијата е да се оформи мапа на која ќе бидат обележани локациите на дивите, нелегални депонии на отпад, и истите да се исчистат.

Заинтересираните граѓани, првата фаза, лоцирањето / мапирањето, можат да го направат до средина на август преку апликацијата на следниот линк:  https://www.worldcleanupday.org/map-it/ 

Во втората фаза, граѓаните може да се вклучат на 15 септември 2018 година, кога општината за првпат ќе се приклучи на најголемата глобална акција за расчистување на отпад / диви депонии, настан инициран од движењето Let ’s Do it! World. Имено, Let ’s Do it! World е најбрзо растечко движење во светот кое од 2008 година им помага на владите, општините и компаниите да го исчистат отпадот во своите земји.

Во нашата држава, акцијата за расчистување на отпадот, се спроведува во организација на здружението за одржлив развој и заштита на животната средина ГОУ ГРИН од Скопје, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

ЛОЦИРАЈТЕ ГО И ИСЧИСТЕТЕ ГО ОТПАДОТ !

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Денес во Кисела Вода по повод Светскиот ден на дијабетесот ќе се игра женска одбојка https://t.co/MO5g5lRH5o
5hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Денес една улица во Драчево без струја https://t.co/eUL8otDxg1
10hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода во соработка со Волонтерски Центар - Скопје ја подигнува јавната свест за почиста животна среди… https://t.co/EEzqnfaSTO