ЈДГ „Весели Цветови“ спроведе акција за чистење на дворните површини на своите објекти

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Вчера, вработените во ЈДГ „Весели Цветови“ заедно со родителите на дечињата кои ги посетуваат објектите на оваа градинка, спроведоа акција за чистење на нејзините дворни површини.

Целосно расчистување на отпадоците и паднатите суви лисја беше извршено во објектите „Кокиче“, „Синоличка“, „Мимоза“, „Сончоглед“, „Перуника“ и „Ѓургица“.

Додека, во објектот „Сончоглед“, вработените и родителите на дечињата извршија и фарбање на дворната ограда. За успешно извршување на оваа дополнителна работна активност од страна на градинката беа обезбедни боја и четки.

Имено, ЈДГ „Весели Цветови“ со активностите кои ги спроведе се приклучи на есенската акција за чистење која Општина Кисела Вода ја започна минатиот месец. Со истата, локалната самоуправа досега изврши чистење на јавните површини кои се под нејзина надлежност, во повеќе месни и урбани заедници.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Утре ул. Киро Фетак без струја https://t.co/s3wvNho8nX
O_KiselaVoda Во Кисела Вода се одржа Мултимедијален хепенинг на отворен простор https://t.co/5B8VQFyBaA
O_KiselaVoda Награди за најдобрите ученици, спортисти и просветни работници во училиштата и градинките https://t.co/kP5Y15ZpqK