Новости
Кошаркарите на КК „Ангели“ во рамки на втората сениорска лига во Кисела Вода убедливо ја победија екипата на КК „Чаир 2030“, со резултат 94:54.
Кадетките, сениорките и младинките на ЖКК „Бадел 1862“ имаа успешен викенд.
Денес во Општина Кисела Вода започна детскиот кошаркарски турнир „Basket 4 kids“. На овој турнир кој е организација на познатата телевизија Спорт Клуб, Општина Кисела Вода и КК „Ангели“ учествуваат 6 кошаркарски клубови од Скопје.
Македонската реперезентација во бразилска џиу – џица во Швајцарија на престижниот силен меѓународен турнир во бразилска џиу џица „ABU DHABI PRO ZURICH 2019“ направија голем успех.
Општина Кисела Вода информира дека утре во временскиот период од 12:00 до 15:00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците на дел од ул. „Сердарот“, како и објектите кои се во непосредна близина на улицата, во Драчево.