Насловна
Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи триесет и втората пленарна седница 18.12.2023 година (понеделник) со почеток во 11:00 часот со следниот дневен ред:
-Усвојување на Записникот од 30-та пленарна седница
1.Предлог – Правилник за условите, начинот и постапката на давање на користење на термини во јавната установа „Дом на култура Билјана Беличанец” Општина Кисела Вода - Скопје – Скопје;
2.Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Кисела Вода за 2023 година;
3.Предлог – Одлука за проширувањена средствата на Буџетот на Општина Кисела Вода за 2023 година;
4.Советнички прашања;
Седницата ќе се одржи во големата сала во барака 7.
Денес во Големата сала на Општина Кисела Вода се одржа втората форумска сесија во рамките на проектот “Зајакнување на општинските совети” кој го спроведува УНДП во партнерство со Општина Кисела Вода.
Повеќе: “Зајакнување на општинските совети”: Граѓаните креираа 4 проектни концепти
Wurth Македонија во соработка со Општина Кисела Вода донира заштитни ТПЕ ракавици за основните училишта и градинки на наша територија. Преку оваа донација се унапредува нивото на хигиена и безбедност во средини каде што учат нашите ученици.
Повеќе: Wurth Македонија донира ТПЕ ракавици за основните училишта и градинки во Општина Кисела Вода
Општина Кисела Вода секогаш своите вложувања и поддршка ги насочува првенствено кон најмладите, затоа што тие се столбот на нашата иднина и главните чинители на нашето општество. Во период кога нашата земја се сочува со се поголема сиромаштија од која се опфатени голем број на семејства, како локална самоуправа, презедовме низа мерки со кои сакаме да им излеземе во пресрет и да им овозможиме поголема сигурност.
Повеќе: Кисела Вода обезбеди бесплатен професионален спорт за социјално-загрозените основци
Општина Кисела Вода набавува мерна станица за квалитет на воздухот која ќе биде поставена во непосредна близина на фабриката Цементарница. Денес на страницата на Бирото за јавни набавки е распишан оглас за јавна набавка, со што наскоро граѓаните ќе имаат увид во квалитетот на амбиенталниот воздух.
Повеќе: Кисела Вода ќе постави мерна станица за квалитет на воздухот во близина на “Цементарница”