Насловна
По известување од ЈП Водовод и канализација, Општина Кисела Вода информира дека поради уличен дефект на цевка од Ф-150 мм на улицата Рилски Конгрес 126, водоснабдувањето ќе биде прекинато за корисниците од улиците Рилски Конгрес, Пржино, Кавалска и Благоја Гојан. Прекинот од водоснабдување започна во 09:45 часот и ќе трае до завршување на дефектот.
Утре љубителите на спортот во Кисела Вода ќе имаат можност да проследат натпревар во женска одбојка.
Повеќе: Утре во Кисела Вода ќе играат ЖОК Јанта Волеј и ЖОК Македонија Макс
Проектот „Општинско - корисна работа“ кој Општина Кисела Вода го реализира преку успешната соработка со УНДП, дополнет е со уште 10 ново ангажирани лица кои ќе извршуваат работни активности во двете јавни детски градинки кои се под надлежност на Општината.
На Шеснаесетата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода која се одржа денес, на 02 ноември 2018 година (петок) беа усвоени следните точки.
Повеќе: Советот на Општина Кисела Вода ја одржа Шеснаесетата пленарна седница
Општина Кисела Вода информира дека утре во временскиот период од 09:00 до 14:00 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од дел од ул. Христо Татарчев, ул. 1511 и ул. 1512.