Насловна
Градоначалниците на општините Кисела Вода и Аеродром, Билјана Беличанец – Алексиќ и Ивица Конески денеска го посетија основното училиште “Кузман Јосифовски – Питу”, каде присуствуваа на час по англиски јазик во рамките на бесплатните обуки по англиски јазик и информатика, кои ги организира општината Кисела Вода.
Повеќе: Граѓаните задоволни од бесплатните обуки по англиски јазик и информатика
Во сабота, (19.10.2013) во 11:00 часот, во основното училиште “Кузман Јосифовски – Питу”, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ ќе даде изјава за медиумите по повод бесплатните обуки за англиски јазик и информатика, кои ги организира Општина Кисела Вода.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.
Во рамките на проектот ''Интеграција на еколошката едукација во Македонскиот образовен систем" децата од средните и големите групи од градинката “8-ми Март” - објект “Расадник” реализираа активност за подигање на еколошката свест во насока на стекнување на нови навики, заштита на животната средина и еколошката едукација како основни вредности во своето работење.
Повеќе: Децата од градинката “8-ми Март” со активности за заштита на животната средина
На свечен начин денес, во големата сала на Општина Кисела Вода, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ додели решенија за легализација на бесправно изградени објекти на 44 граѓани од општината.
Градоначалникот Беличанец – Алексиќ истакна дека при легализацијата на дивоизградени објекти главна улога имаат граѓаните и општината и ги повика сите граѓани да ја комплетираат својата документација.
Во петок, (18.10.2013) во 10:00 часот, во големата сала на Општина Кисела Вода, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ ќе додели решенија за легализација на бесправно-изградени објекти.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.